Време

Денеска сончево и топло, од утре попладневни локални врнежи од дожд

Сончево и топло со мала до умерена облачност, e временската прогноза за денеска. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде повремено ќе засилува. УВ индексот ќе биде 8.

Дневните температури ќе достигнат до: во Скопје 35 Целзиусови степени, Маврвп 29, Охрид 31, Битола 34, Кавадарци 37, Крива Паланка 32, Берово 30, Дојран 38.

Времето и утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови претежно во планинските подрачја ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Дневните температури ќе се движат од 28 до 38 степени.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе