Време

Денеска сончево и топло, од утре дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 37 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 35 степени. Маврово 26, Охрид 31, Битола 33, Крива Паланка 32, Берово 31, Кавадарци 36, Дојран 37,

Утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Изолирана појава на нестабилност претежно во планинските подрачја се очекува и во четврток. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен и западен правец. Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа во следните денови се очекува претежно стабилно и потопло време.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе