Денеска со услови за дожд, до утрово најмногу врнело на Попова Шапка

Најмногу дожд во 24 часа е наврнат на Попова Шапка, 44 литри на квадратен метар, според мерењата во 8 часот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Пожаране има 33 литри воден талог на квадрат, 31 во Маврово, 29 во Тетово, 21 во Лазарополе, 19 во Крива Паланка, 18 во Скопје-Зајчев Рид, 17 во Куманово, девет литри на квадратен метар во изминатото деноноќие се измерени во Ѓуриште, седум во Скопје-Петровец, три во Крушево и еден во Охрид и Берово.

Попова Шапка

На Попова Шапка е измерена и најниска температура утрово, 9 степени, 10 во Лазарополе, 11 во Маврови Анови, 12 во Крушево, 14 во Крива Паланка, Тетово, Куманово, Берово и Претор, 15 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп и Охрид, 17 степени во Битола, 18 во Штип, Гевгелија и Дојран и 19 степени во Демир Капија.

„Утрово и понатаму преовладува облачно време со локален дожд. Во југозападните и југоисточните делови понекаде има делумно намалување на облачноста. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец“, соопшти УХМР.

Во текот на денов ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 25 степени.

Според прогнозата на УХМР, во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 23 степени.

Легенда под Главна слика

Попова Шапка

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе