Време

Денеска со температури и до 25 степени, од вторник заладување

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 Целзиусови степени.

Како што информира УХМР, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност.

Во Скопје слично време, претпладне со појава на магла и значителна ниска облачност, а од пладне сончево со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во следните денови во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Во понеделник ќе се задржи стабилно и релативно топло време, а во вторник се очекува локална појава на слаб дожд и опаѓање на температурите.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе