Денеска протести во 5 града против поскапувањето на струјата

Во Скопје, Гостивар, Битола, Тетово и во Кичево денеска ќе се одржат протести против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за поскапување на струјата.

Одлуката на РКЕ за зголемување на цената на струјата за 7,4 отсто, односно 5,9 денари за еден киловат скапа струја, ја донесе пред еден месец, што предизвика бурни реакции во јавноста, а граѓаните преку граѓански здруженија и на социјалните мрежи почнаа да организираат протести.

Организацијата и на денешните протести е преку социјалните мрежи. Протестот во Скопје е закажан за во 19 часот пред Владата, а во истото време протест ќе има и на градските плоштади во Тетово и во Кичево. Протестот во Гостивар е најавен за во 14 часот. Гостиварци најавија дека во знак на протест против одлуката за поскапување на струјата ќе одржат марш кој ќе почне од пред Домот на културата. Протестот во Битола е најавен за во 18 часот кај Националната установа „Завод и музеј“.

Досега во Македонија се одржани неколку десетици мирни протести. Од Регулаторната комисија во неколку наврати појаснуваа дека покачувањето на цената на струјата е на барање на енергетските компании и бараа таа одлука да не се политизира.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе