Време

Денеска променливо облачно, од утре повисоки температури

Изутринава ќе има зголемена облачност, а на југоисток ќе има повремен дожд. Врнежите попладне ќе престанат, а од север облачноста ќе почне да се намалува. Поради постуден воздух кој ќе се прошири од север преку денот ќе остане свежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од пет до 13 степени, а дневната температура од 11 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со намалена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од седум до 18 степени.

Во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Утринските температури и понатаму ќе се задржат од неколку степени над нулата и повисоки.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе