време

Денеска променливо облачно, од утре дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови. Во вечерните и ноќните часови по котлините ќе има појава на магла.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните и ноќните часови со појава на магла. Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 17 Целзиусови степени, Маврово 11, Охрид 15, Битола 16, Кавадарци 19, Крива Паланка и Берово 14, Дојран 19 степени.

Утре попладне, во текот на ноќта и во среда ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Локално ќе има појава на грмежи со пороен дожд и засилен ветер, особено во југоисточните делови каде се очекува да наврнат над 35л/м2.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе