Време

Денеска почнува пролетта со дожд и снег

Времето во Македонија денеска кога календарски почнува пролетта ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Поради продор на студен воздух кон крајот на денот и во текот на ноќта повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на околните планини од Скопската Котлина врнежите ќе преминуваат во повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Утре и в понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на планините од снег. Поради заладување повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30 л/м2). На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова ќе има и во некои пониски места. Од понеделник до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час). Преодно стабилизирање на времето ќе има во вторник, а во среда се очекуваат нови локални врнежи со послаб интензитет.

Пролетта во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 10 часот и 37 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.
Првиот пролетен ден е 79-от во годината и ќе трае 12 часа и 05 минути. Сонцето изгреа во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути
Пролетта ќе трае 92 дена, до 21 јуни во пет часот и 32 минути, кога календарски започнува летото.
Летното сметање на времето, пак, ќе почне во последниот викенд од месецов ноќта меѓу 27 и 28 март, кога стрелките на часовникот треба да се поместат еден час нанапред.
Се очекуваше од оваа година да биде последно помесtување на времето. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.
Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе