Време

Денеска облачно и нестабилно, од утре сонце

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во вечерните часови вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 30 Целзиусови степени, Маврово 21, Охрид 28, Битола 30, Крива Паланка и Берово 27, Кавадарци 32, Дојран 34.

Од утре ќе имаме сончево и потопло време и дневни температури од 22 до 36 степени.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе