Денеска на места до 38 степени, до 9 индексот на ултравиолетовото зрачење

УХМР за денеска прогнозира горештина. Претпладне сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално ќе има услови за појава на невреме со појава на град и силен ветер. УВ=9. Во деновите  од викеднот температурите се очекува секаде да бидат над триесетиот степен, а максималните на места ќе достигнат до 38 степени. 

Во Скопје минималната температура ќе се спушто до 20 степени, максималната ќе достигне до 36 степени. Можно е попладне да заврне. Во недела не се очекува промена на времето.

И во понеделник, вторник и среда во земјава се очекуваат високи температури, а во среда максималната на југозападот од земјава може да се искачи и до 39 степени.

 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе