петок, 29 март 2024

Кон ДУИ се приклучи Движењето на Турците, Ахмети вели дека гради општество за сите заедници

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на Движењето на Турците, Сулејман Даки потпишаа договор за заедничко учество во коалицијата на интегративците Европски фрон. Ахмети истакна дека ДУИ преку овој фрон ќе работи на реализација на вистинска демократија и рамноправност за сите етнички заедници во Македонија, за Турците, Ромите, Србите и сите други заедници з

Објавено на

часот

Сподели

„Нашиот сојуз, Европски фронт, не е создаден само за изборите, туку ќе биде тоа долгорочно заедништво. Со нашите партнери во Европскиот сојуз, јас и ДУИ напорно ќе работиме за реализација на досега неостварените цели на ДУИ за вистинска демократија во државата, за вистинска рамноправност на сите етнички заедници, не само на Албанците. Предвид ги имаме не само Турците и Ромите, туку и Власите, Србите и сите други етнички заедници. Главната цел е Македонија да ја интергрираме во ЕУ, кога и уште повеќе ќе ја зајакнеме државата која уште од сега ќе работиме на тоа да биде мајка за сите. Така се гради иднината и вистинска демократска држава“, изјави Ахмети по потпишувањето на договорот со партијата на Турците.

Освен што денеска беше официјализиран договорот на ДУИ со Движењето на Турците за правда и демократија, Ахмети најави дека вечерва во 21 часот во Гостивар ќе биде потпишан и договор со Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците (крилото на Села, н.з.).

Али Ахмети обелодени дека Зијадин Села ќе биде носител на изборната листа на Европскиот сојуз во Избоната единица број 5.

Тоа што ќе биде новина на овие избори е што ДУИ, односно Европскиот сојуз ќе учествува и во Изборната единица број 3 каде очекува да се добие уште еден пратеник. Таму носител на изборната листа ќе биде лидерот на Движњето на Турците.

Вчера ДУИ потпиша договор и со Унијата за Ромите на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, а веќе и официјално во Европски сојуз членуваат и партиите на Арјанит Хоџа, на Мендух Тачи и на Скендер Реџепи Зејд.

Инаку, целата церемонија се одвиваше на албански и турски јазик, а настанот и овојпат започна со интонирање на Одата на радоста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ