Денеска комеморативна седница во Советот на општината Гостивар

Синоќешната вест за 14-те загинати патници Гостиварци во автобуската несреќа на патот Скопје-Тетово, ги потресе жителите на првиот град на Вардар. Многумина на социјалните мрежи од синоќа, а и утрово искажуваат сочувство на роднините на настраданите.

Гостиварци во шок и неверување утрово по трагедијата се претпазливи во коментарите и веста околу идентитетот на жртвите, бидејќи се уште официјално не е потврден нивниот идентитет.

Од кругот на семејството на еден од загинатите за МИА потврдија дека меѓу настраданите е и раководителот на Секторот за сообраќај на Град Скопје кој по работното време се враќал за дома во Гостивар.

Од локалната епархија потврдија дека неговиот погреб е закажан за денеска во 14 часот, а за утре уште два на лица загинати во несреќата.

Потврдено е дека меѓу настраданите е и синот на пратеникот Благојче Трпевски.

Жртвите од автобусот се главно лица кои редовно патуваат на релацијата Гостивар – Скопје – Гостивар, како вработени во Скопје и студенти. Токму во терминот на редовната линија на „Дурмо- турс“ во 16 часот и 15 минути компанијата врши превоз на патници со два, па и три автобуса.

Од синоќа речиси сите угостителски објекти ги откажаа прославите најавени за претстојниот викенд, а од Општина Гостивар најавија дека Советот на општината за 12 часот најави вонредна, комеморативна, седница.

Градоначалникот Арбен Таравари уште синоќа, по посетата на повредените на скопските клиники, изрази сочувство и најави помош за повредените.

На седницата е најавено и присуство на претседателот на Владата, Зоран Заев.

Во поновата историја ова е најголемата трагедија која што ги погодила градот и околината.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе