Време

Денеска и утре сончево и топло, од недела попладне пак врнежи

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Дневните температури ќе се движат од 24 до 35 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево и потопло со мала до умерена облачност и дневна температура до 32 степени.

И утре ќе преовладува сончево и топло време со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во недела ќе дува повремено засилен југозападен ветер, а од понеделник ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови опаѓање на температурата за неколку степени.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе