Време

Денеска и утре посвежо, од среда затоплување

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 15 до 26 Целзиусови степени. 

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степени. Маврово 15, Охрид 20, Битола 21, Крива Паланка 18, Берово 19, Кавадарци 24, Дојран 26.

Како што најави УХМР, и утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб, вдолж Повардарието умерен северен ветер. Потоа ќе преовладува значително потопло време со дневни температури кои на места ќе бидат над 30 степени. 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе