Во Скопје

Денес Парада на гордоста: „Излези за љубов, достоинство, еднаквост, правда...“

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија денеска ја организира Парадата на гордоста во Скопје, под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда." Почетната точка ќе биде во паркот „Жена-борец", а по кратките поздравни говори ќе започне протестниот марш по скопските улици.

Настанот во вечерните часови ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

Министерството за внатрешни работи информираше дека поради одржувањето на Парада на гордоста ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на централното градско подрачје на Скопје.

 За време на движењето (по потреба) за сообраќај ќе бидат затворени улиците „11-ти Октомври", „Димитрие Чуповски", „Васил Главинов", „Аминта трети", „1732" и булеварот „ВМРО".

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе