23 Октомври

Ден на македонската револуционерна борба, честитка од Пендаровски

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. По тој повод, владина делегација предводена од заменик-министерот за култура Владимир Лазовски ќе положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, а цвеќе ќе положи и собраниска делегација во состав Костадин Ацевски, Весна Дамчевска-Илиевска и Зеќир Рамчиловиќ.

Според Законот за празници, 23 Октомври е прогласен за државен празник и е неработен ден за сите граѓани.

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно македонската револуционерна организација (ВМРО) или Внатрешно македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош однадвор.

Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската Република, преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава.

По повод празникот, претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните.

„Дозволете да ви го честитам 23 Октомври ‒ Денот на Македонската револуционерна борба. Пред 126 години со формирањето на Македонската револуционерна организација беа удрени темелите на организираната револуционерна борба за слобода и за создавање независна македонска држава. Беа потребни години на непрекината борба, страдања, хероизам и непокор, беа потребни Илинден 1903 и АСНОМ 1944, Референдумот на 8 септември 1991 за конечно да создадеме држава. Ние, денешните генерации, ги уживаме резултатите  на револуционерната борба ‒ живееме во слобода, во своја самостојна држава.

Секое време носи можности и искушенија. Секоја генерација има свои предизвици и цели. Нашиот предизвик е да ја направиме Република Северна Македонија просперитетна и почитувана, демократска и модерна. За тоа ни треба толеранција во меѓусебните односи, почит за другите, одговорност кон заедницата, грижа за животната средина и помагањето на ближните. Ни треба сплотеност без разлика на етничка, верска, политичка или каква било припадност. Не смеат да нè обесхрабруваат никакви пречки и премрежија. Го знаеме својот пат и на тој пат продолжуваме заедно. Нека ни е честит 23 Oктомври“.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе