„Ден без автомобили“ во Гостивар

На иницијатива на градоначалникот Арбен Таравари, Општина Гостивар во соработка со Полициската станица и невладините организации денес ја спроведува активноста "Ден без автомобили", чија цел е подигање на свеста на граѓаните за намалување на загадувањето на воздухот во животната средина.

Во рамките на оваа активност од 12.00 до 15.00 бил прекинат сообраќајот во центарот на градот, додека градоначалникот и општинските службеници денес на работа отидоа пешки.

Во изјава за медиумите, градоначалникот Арбен Таравари рече дека целта на оваа активност е намалување на загадувањето на воздухот како една од главните цели за овој четиригодишен мандат.

„Останувам посветен на остварување на трите поставени цели за овој мандат, односно намалување на загадувањето на воздухот, решавање на проблемот со регионалната депонија и филтрирана вода за пиење. Во однос на загадениот воздух, нашите инспектори се активни на терен и во делот каде што Општина Гостивар има овластувања, сѐ е во ред. Воедно, подготвуваме акциски план против аерозагадувањето, при што ќе ги вклучиме и невладините организации чија што активност е насочена кон заштита на животната средина. Истовремено, сме аплицирале во прекуграничен проект со една албанска општина за воведување на градски превоз во Гостивар и се надеваме дека истиот ќе ни се одобри, што значително ќе го намали аерозагадувањето“, изјави Таравари.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе