Европската недела на мобилност

Ден без автомобили во 13 градови низ земјата

И годинава Скопје и 12 други градови во земјата ќе се приклучат кон Европската недела на мобилност од 16 до 22 септември, која се одбележува во 2.952 градови во 48 држави во Европа и низ целиот свет.

Почнувајќи од 2002 година, целта на Европската недела на мобилност е да го подобри јавното здравје и квалитетот на животот преку промовирање чиста мобилност и одржлив урбан транспорт. Кампањата им дава можност на луѓето да ја истражат улогата на градската улица и да експериментираат со практични решенија за да се справат со урбаните предизвици, како што е загадувањето на воздухот.

„Пешачи со нас!“, годинашната централна тема во центарот на вниманието ги става безбедното одење и возење велосипед и придобивките од нив врз нашето здравје, нашето окружување и финансиите. Со активните начини на транспорт, како што се пешачењето и возењето велосипед, не се испуштаат штетни гасови во воздухот, а тие помагаат да се одржат здрави нашите срца и тела.

На локално ниво, Делегацијата на Европската Унија, Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање учествуваат во низа настани со цел подигање на свеста за вредностите и придобивките од пешачењето и возењето велосипед.

Европската недела на мобилност ќе биде заокружена на 20 септември со велосипедски дефилеа во Скопје, Велес, Гевгелија, Тетово, Битола, Штип, Неготино, Кочани, Струмица, Охрид, Прилеп, Крива Паланка, Лозово и во скопските општини Шуто Оризари и Карпош.

Традиционалното велосипедско дефиле во Скопје ќе се одржи во петок 20 септември, со почеток во 11:30 часот од паркот „Ибни Пајко“, а ќе заврши во Градскиот парк, кај бината „Школка“.

На парадата, според најавите, ќе учествуваат вршителот на должност шеф на Делегацијата на ЕУ, Џулијан Васало, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и државната секретарка во Министерството за животна средина, Ана Петровска. Тие ќе им се обратат на велосипедистите на целната линија, каде што на најсреќните ќе им бидат доделени нови велосипеди.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе