Делчевските ловџии уловија „капиталец“ тежок 155 килограми

Неделниот ден кој е омилен за оние кои се занимаваат со лов, на делчевските ловџии им донесе улов тежок 155 килограми. Уловот за кој долго ќе се зборува во ловџиските кругови во делчевско е дело на група ловџии од село Град, кои информираа дека „капиталецот“ е уловен во планинските предели помеѓу селата Град и Вирче.

„Дивата свиња е уловена во раните утрински часови. Ова утро како и секоја недела за време на ловната сезона, нашата група се подготви за лов и како таргет денес ни беше подрачјето над селата Град и Вирче. Имавме некои индиции дека таму деновиве се забележани поголем број диви свињи. За среќа така и испадна, при што успеавме да уловиме еден од поголемите улови оваа година“, велат ловџиите.

Бидејки е доста голем уловот, како што додаваат ловџиите, било тешко истиот да се транспортира до селото, каде веќе прави и мала гозба.

„По ловот се знаат правилата како се дели пленот, но сепак нормално е при ваков улов да има и мала веселба, па тука се раскажуваат и приказни кој бил главен што капиталецот е уловен и така“, додаваат ловџиите од делчевското село Град.

Сезоната на крупен дивеч во делчевскиот регион, се одвива на пет ловишта, Влаина, Голак, Бигла, Киселица и Тработивиште. Од штетниот дивеч дозволен е отстрел на волк и лисица, додека отстрелот на дива свиња, зајак и еребица е пропишан согласно ловностопанските основи за секое ловиште поединечно. 

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе