Независниот полициски синдикат разочаран од Буџетот

Делчев Тодев: Полициските службеници повторно останаа со „куси ракави“

Со Буџетот за 2021 година повторно не се предвидени средства за изедначување на платите на полициските службеници со административните службеници, а полицискиот службеник и понатаму останува под минималната плата доколку се одземат додатоците кои се предвидени со колективниот договор, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Независниот синдикат на полиција Гоце Делчев Тодев.

Делчев Тодев нагласи дека овој синдикат има сериозни забелешки на буџетот за 2021 година во кој повторно се маргинализирани вработените од Министерството.

„Иако во целиот регион и пошироко покрај здраствените работници, и полициските службеници добија надомест за работа во ковид - кризата, кај нас не е предвиден ниту минимален надомест со кој ќе им се оддаде признание за нивната пожртвуваност за време на кризата", потенцира Делчев Тодев.
Тој образложи дека во буџетот повторно не се предвидени значителни средства за набавка на нова опрема за полициските службеници, униформите рече во целост не се набавени од 2008 година, додека пак панцирите, шлемовите и оружјето се стари од 30 до 50 години.

„Нема предвидено средства за обнова на возниот парк кој согласно подзаконските акти на Министерството не треба да е постар од пет години, а остануваат старите и дотраени возила во служба надевајќи се на евентуални донации, рече претседателот на синдикатот.

Тој потенцира дека полицијата е главен безбедносен столб на државата и во неа мора постојано да се инвестира со цел унапредување и реформа што сериозно е потребна.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе