Агенција за храна и ветеринарство за случајот во Куманово

Децата од градинката „Ангел Шајче“ добиле труење од салмонела во мајонез

Бактерија салмонела која била откриена во оригинално пакување од мајонез е причина за труењето за децата во кумановската градинка „Ангел Шајче“. Од вкупно 61 пријава за труење со храна кај децата, кај 31 дете и тројца вработени, изолирана е бактеријата салмонела ентеритидис, потврдија денеска од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. 

Инспекторатот извршил и контролен надзор и констатирал дека храната се носи од главната кујна, а затворена останува кујната во „Пчелка", во занималните каде беа сместени децата со симптоми на труење е извршено чистење и дезинфекција и во овие објекти нема згрижено деца.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство, денеска потврдија дека со испитувањата изолирана е бактерија „Sallmonela Spp" во мострата од мајонез.

Забраната за работа на кујната и понатаму продолжува до повторно тестирање на брисеви од сите работни површини кои доаѓаат во контакт со храната и добивање на задоволителни резултати. Наредено е уништување на небезбедната храна која не одговара на микробиолошките критериуми за безбедност, наведуваат од АХВ.

Началничката на епидемиолошката служба од Центарот за јавно здравје д-р Јадранка Стаменковска, потврди дека е пријавена епидемија на акутно труење со храна со салмонела ентеритидс.

„Имаме 66 пријавени дечиња со симптоми од акутно труење со храна со покачена температура, дијареја, повраќање, малаксаност. Кај 31 е изолирана салмонела. Во тек, се испитувања на уште пет копрокултури кои пристигнаа денеска. Извршена е дезинфекција, направени се вонредно здравствено-хигиенски прегледи на вработени од кујните. Кај тројца вработени изолирана е салмонела“, изјави Стаменковска.

На детското одделение во болницата, информираа денеска надлежните, хоспитализирани се три деца, кај нив сè уште не е потврдено присуството на салмонела. На болничко лекување сè уште три, кај кои веќе е дијагностицирана бактеријата, но нивните родители одбиле да бидат згрижени, па добиле решение за изолација.

Сите дечиња се со подобрена здравствена состојба, изјави доктор Агрон Сулејмани, началник на детско одделение.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе