Всушност сопственикот бил и како втор возач. Кажа дека овој автобус возел позади нив. Значи тие веќе биле стигнати на граничниот премин во Бугарија, по излегување од Турција, а овие биле еден или два автобуси позади нив. Тогаш ми кажа дека тој и сопругата биле во тој вториот автобус, додека пак во четвртиот биле неговите деца, рече Русковска.
Според неа, сопственикот бил видно вознемирен и потресен.
Го прашав дали носеле резервни канти со гориво, вика нема шанси тоа да се случило, вели Рускоска која додава и дека го прашала за патниците дали е можно тие да носеле нешто, но сопственикот бил дециден дека не се случило тоа.
Беким Хаџиу е распитан заедно со уште осуммина лица поврзани со фирмата и работењето на Беса Транс, документација која македонските истражители ја испорачаа на колегите од Бугарија.
Хаџиу негирал дека причините за пожарот се поврзани со возачите на автобусите и патниците во нив.
Бугарските истражители им наредија на експертите да ја анализираат трасата на автомагистралата Струма, а и по 6 дена се уште е затворена десната страна на патот.
Додека се прават хемиските и машинските анализи, позитивните вести за преживеаните, но повредени патници стасуваат и од болниците од Софија, но и од клниките во Скопје.
Во Бугарија, пак, денеска стаса и двајцата експерти од институтот за судска медицина кои веќе се дел од операцијата за ДНА идентификација на настраданите откако заврши обдукцијата минатата недела, а се очекува до крајот на оваа седмица, телата да бидат предадени на роднините.
Додека Бугарија трага по причините за несреќата, јавното обвинителство во земјава најави обемна истрага околу малверзациите и пропустите со работењето на „Беса транс" која е пломбирана и остана без лиценца, а првично се докажа дека 135 пати кобниот автобус ги минувал границите без извод од лиценца.