Во Карпош

Деца играат на „Жена од султана“ во градинка, воспитувачката ги снима и се фали кај родителите (ВИДЕО)

Револтиран родител кој сака да остане анонимен, до редакцијата на „Слободен печат" испрати видео снимка на која се гледа како воспитувачка од градинка на 5-годишни деца им пушта турбо фолк песни, ги снима и им вика да играат и да пеат. Станува збор за градинка во скопската населба Карпош.

Песната која се слуша во позадина е „Жена од султана". Дечињата играат, а воспитувачката им вика „Ајде пејте сите инаку ќе ви ја исклучам". Потоа таа ги прашува од каде ја знаат песната и дали вакви песни им пуштаат и дома.

Учителката ни го испрати видеото со цел да се „пофали" што работеле дента, бидејќи таа не информира за дневните активности. Кога ја видов снимката ќе се онесвестев. По која програма им се пушта песната „Жена од султана" не ми е јасно. Зарем нема доволно убави детски песни на кои децата можат да играат? Ако толку сакала да шизат, можела да им пушти некои диско песни, а не турбо фолк и кичерај – вели родителот кој се пожали во нашата редакција.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе