Еколошки настани

Дебати за здрава храна и зелена енергетика во Охрид

Во организација на Здружението за одржлив социо-економски развој „Изгрејсонце“ - Скопје, a со поддршка на GEF (Зелена европска федерација) од Брисел, основана од Европскиот парламент, овој викенд во Охрид ќе се одржи советување посветено на еколошки теми. 

Првата тема е „Фер и здрава храна” што е, всушност меѓународен проект, во кој ќе учествуваат претставници од организации од Белгија, Полска, Ирска и од Македонија, а кои ќе дискутираат за изнаоѓањето алтернативни решенија и позитивни промени во производството на здрава храна, поточно за производство на органска, локална храна во Македонија и за искуствата во рамките на земјите од ЕУ. 

Втората тема е „Енергетска демократија” за која учесниците ќе се фокусираат на овозможувањето на партиципативна, инклузивна и децентрализирана зелена економија преку промовирање на концептот - Енергетска демократија. За втората тема ќе се направи и еден вид стручна работилница, на која ќе се расправа и за енергетските кооперативи и за други форми на зелена економија во Европа.  

Дебатата на овие две теми ќе се одржи во недела и понеделник, на 8 и 9 септември 2019 година, во Извидничкиот центар во Охрид, а на неа ќе има претставници на организации кои се занимаваат со проблеми и прашања од областа на животната средина од Македонија, Белгија, Полска, Србија и Хрватска. Влезот е слободен.  

 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе