За фатален исход на операција на ГАК

Д-р Јовановска: Почина пациентка, но на социјалните мрежи се изнесени невистини

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, вчера почина 33-годишна пациентка. На социјалните мрежи се споделуваа информации од семејcтвото дека на пациентката ѝ биле пресечени цревата, наместо папочната врвка. Директорката на Клиниката изјави дека тоа се невистини и дека таа лично ја оперирала пациентката која била во тешка состојба поради огромен миом со рапиден раст.

Директорката на ГАК Виктроија Јовановска која ја извршила операцијата, вели дека информацијата што се појави на социјалните мрежи е невистинита и оти се работи за родилка која на операција дошла поради огромен миом во мала карлица со рапиден раст во последните месеци.

„Воопшто не беше лесен случај, пациентката претходно била оперирирана од пленоктомиа, односно ѝ била извадена слезинката. Јас од човечки побуди, токму поради брзиот раст на туморот ја внесов пациентката на операција во време кога имавме редуцирана програма на Клиниката“, изјави Јовановска за Слободен печар.

Деверот на пациентката претходно реагирал дека било констатирано дека при шиење на матката на четири места е продупчено и сошиено тенкото црево, што довело до контаминација во организмот и фатален исход.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе