ЦУК: Во земјава нема активни пожари, изгаснат и пожарот во битолско Ѓавато

На територијата на целата држава нема активни пожари,откако е изгаснат пожарот што избувна попладнево во атарот на с.Ѓавато кој што поради силниот ветер се ширел кон националниот парк Пелистер, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите од ЦУК, во битолско, во 16.35 часот во атарот на с.Ѓавато настанал пожар, при што горела нискостеблеста шума и сува трева. Заради силен ветер истиот се ширел кон Националниот парк Пелистер. Интервенирале пожарникарите и полицијата од Битола (ТППЕ и УПС од СВР-Битола).

Пожарот во Битолско во атарот на с.Ѓавато е изгаснат во 17.10 часот.

Инаку, денеска до пладне немаше ниту еден пожар, но Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК заседавал и ја следел ситуацијата на национално ниво, преку регионалните центри за управување со кризи поврзани со Ситуациониот центар во ЦУК и преку дежурните локални субјекти на критичните точки за појава на пожар во државата.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе