ЦУК: Пожарите во Малешевијата се изгасени

По неколкудневна борба со огнената стихија над селото Будинарци, попладнево големиот шумски пожар е совладан. Со тоа целосно е изгаснат големиот шумски пожар кој го зафати реонот на општините Пехчево, Делчево и Берово, соопшти пред малку Центарот за управување со кризи.

Во пожарите во Малешевијата, според ЦУК, не настрада ниту еден локален жител, освен еден повреден австриски пожарникар.

„Дел од австриската противпожарна опрема како и наши и бугарски пожарникари ќе останат да стражарат на лице место за да не дојде до повторно разгорување на оганот на одредени места, нешто што редовно се случува по совладувњето на вакви големи пожари особено имајќи го предвид засилениот ветар кој од пред малку пак почна да дува.

Голема благодарност до посадите на македонските и српските хеликоптерски единици и екипата од романскиот авион, македонските, австриските, словенечките и бугарските пожарникари, до припадниците на Национални шуми и на Шумската полиција, до припадниците на македонската армија и полиција, како и вработените во ДЗС, ЦУК и останатите институции кои на кој било начин помогнаа во совладувањето на овие, веројатно, најголеми шумски пожари во Македонија досега. Посебна благодарност до локалното население кое храбро и пожртвувано помогна во одбраната на селата од огнената стихија“, велат одговорните од ЦУК.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе