ЦУК: Почна имплементацијата на eвропскиот број за итни повици 112

Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека имплементацијата на единствениот европски број за итни повици 112 е почната и во најголем процент воведувањето во употреба на овој број треба да заврши кон крајот на 2020 и почетокот на 2021 година.

ЦУК информира дека 112 е телефонски број за итни повици за граѓаните на Северна Македонија, како и странции кои се наоѓаат на наша територија, а забележале настан со потенцијална опасност за животот на луѓето или материјалните добра.

Согласно добиените финансиски средства од страна на Европската комисија во рамките на програмата „Миграција и азил, гранчен менаџмент и борба против тероризам и организран криминал", како и предвидените финансиски средства во буџетот на Центарот за управување со кризи за следните три години, започната е имплеметнацијата на проектот. Паралелно, со набавката на опремата ќе се работи и на обука на лица кои ќе ги примаат повиците и ќе управуваат со нив, соопшти ЦУК.

Од ЦУК дополнуваат дека со воведувањето во употреба на единствениот европски број за итни повици ќе биде обезбедено и мултијазична поддршка, достапност до бројот до многу ранливи категории на луѓе, луѓе со различен вид на попреченост, како и достапност до бројот 112 преку социјалните мрежи.

Во моментов, како што велат, се работи на градежно, имформациско и комуникациско уредување на просторот наменет за оперативниот центар.
Наредната година ЦУК ќе се фокусира на имплементација на Процената на загрозеноста на безбедноста на земјава од сите ризици и опасности на државата, Процени на загрозеноста на подрачјата на општините и Град Скопје и Веб базирана алатка „e-procena".

Процената претставува документ кој е во функција на планирање и организација на системот за управување со кризи, го помага процесот на одлучувањето на надлежните носители на функции и одговорности, ја поддржува комуникацијата, координацијата и употребата на ресурсите заради превенција, рано предупредување и справување со сите ризици и опасности кои можат да го загрозат животот и здравјето на луѓето, материјалните и природните богатства, како и општата безбедност на државата, информира ЦУК.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе