ЦУК апелира: Не фрлајте отпушоци, не правете скара на отворено

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на денешната прес-конференција побараа поддршка од граѓаните за справување со пожарите и апелираа во наредните денови да се воздржат од правење скари и палење огнови на отворено.

Исто така, им порачаа на граѓаните да внимаваат да не фрлаат отпушоци бидејќи тие се едни од главните причинители за почеток на пожар.

„Ги молиме пушачите да ги гасат цигарите, а не да ги фрлаат отпушоците“, апелираа од ЦУК.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на прес-конференцијата информираше и дека ќе побараат од ЕВН да ги проверат нивните жици, бидејќи потврдено е дека во некои случаи пожарот настанал од искрење на жиците на бандери или далекуводи. Според Ангелов, за искрење на жици имало сведоци во кумановскиот регион, а тоа било причина и за пожарот во Богословец.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе