ЦУК: Активни се пожарите во Делчево, Пехчево, Свети Николе, Прилеп, Куманово...

Во десетина општини во помал или поголем обем активни се пожари на кои активно се делува со сите расположиви сили, изјави денеска Горан Стојановски од Центарот за управување со кризи. Она што е најкритично се пожарите на територијата на општините Делчево, Пехчево и Берово, каде делуваат три хеликоптери.

Нов пожар се заканува во атарот на селото Робово кај Берово. Во текот на ноќта постоеше опасност пожарот од Свети Николе да се префрли во правец на Штип, но бил локалзииран. Но, од утрово, поради силниот ветер, постои опасност од ширење на пожарот кон Карбинци.

Во Прилеп активни се пожарите кај Топлица, Ракле и Никодин каде се испратени голем број на пешадиски сили на АРМ. Активен е и пожарот кај Молане.

Во општина Куманово кај Бељаковце делува еден хеликоптер. Тука е активен пожарот од вчера и делуваат повеќе од 80 војници и пожарникари. Се очекува во текот на денот овој пожар да биде ставен под контрола.

Во општините Ранковце и Крива Паланка активен е еден пожар каде се испратени дополнителни сили од 60 војници. Во Валандово активен е помал пожар кој е под контрола.

Горан Стојановски

Вчера на територијата на Скопје имаше 18 пожари, од кои 17 се ликвидирани. Актевен е пожарот на територијата на општина Сарај, кој е проширен од Желино, кај Јасен. Во текот на ноќта пожарот бил локализиран, но се уште постои опасност од реактивирање.

Има активни помали пожари и на територијата на општините во Охрид и Велес кои се локализирани, а вчеrа се угасени два пожара и во Кавадарци кои се закануваа со можно префрлање кон Кожуф, информираа од ЦУК.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, одговарајќи на новинарски прашања, информираше дека во моментот се работи на координација на транспортот на керозин за хеликоптерите, што, како што рече, е посложен процес. Керозинот треба да се смести на безбедно во касарната во Штип за да можат српските хеликоптери коишто имаат помал резервоар да полнат гориво таму. Намерата, според Ангелов, е да се скрати времето на полнење гориво.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе