ЦУК: Активни пожари во село Раовиќ, на потегот меѓу Барово и Вешија

На потегот меѓу селата Барово и Вешија избувнат е пожар на мешовита нискостеблеста и вискостеблеста шума. Станува збор за непристапен терен, а во моментов интервенират две теренски возила, една цистерена на Територијалната противпожарна единица (ТПЕ) од Неготино со шест пожарникари, четири цивилни лица волонтери, едно теренско возило, четворица пожарникари од ТПЕ  од Кавадарци и теренско возило и пет вработени од ШС Демир Капија. По барање на градоначалникот на општина Демир Капија ангажирани се и два армиски хеликоптери, соопшти на денешна прес-конференција портпаролот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Надица Вчкова.

На редовната прес-конференција за активните пожари во земјава до 17 часот, В чкова информира дека се уште е активен пожарот кај село Раовиќ, во општина Сарај.  -Повторно на три-четири места се забележува чадење на самиот срт и по сртот на планината Осој, рече портпаролот на ЦУК.

Пожарот кај село Дивље и село Крушија е ставен под контрола. На одредени места се забележува чадење. 

Веќе е изгаснат пожарот што избувна во текот на утринските часови на месноста викана Градишче, атар на село Владимирово. Опожарена е мала површина на мешана шума и сува трева, а на терен поради контрола е останата екипа на ШС Малешево од Берово со едно теренско возило со цистерна и четворица вработени. 

„Пожарот на градската депонија Виница во место викано Лесковски пат е веќе локализиран, но не и целосно ликвидиран. Во текот на денешниот ден ЈП „Солидарност" од Виница врши покривање со земја на самата депонија, рече В чкова. 

Ставен е под контрола пожарот, кој избувна меѓу селата Матејче и Виштица, каде гори сува трева и грмушки. Интервенираат тројца пожарникари со едно противпожарно возило. 

Појава на пожар на отворен простор има и во атарот на село Отља, кон село Матејче. Во гаснењето на овој пожар се вклучени тројца пожарникари со противпожарно возило, четворица полицјаци од ПС Матејче, како и 30-тина граѓани од село Отља. Пожарот е ставен под контрола и не постои опасност од проширување кон објекти и шума. 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе