Црногорското обвинителство во потрага по наркобосот Јован Вукотиќ, кој е во бегство најверојатно со македонски пасош

Специјалниот обвинител на Црна Гора води истрага против Јован Вукотиќ, водачот на Шкаљарскиот клан кој е во бегство, за поттикнување на членови на оваа група да ги убијат водачите на Кавачкиот клан.

Српските медиуми јавуваат дека полицијата во Црна Гора е во потрага по Вукотиќ, но поради сомневањата дека е некаде во странство по него ќе биде распишана и  меѓународна потерница.
Против Вукотиќ се води истрага за создавање на криминална организација и тешки убиства. Криминалната организација на Вукотиќ поседува станови, оружје, голем број на членови, заштитени телефони..., пишува Курир.рс. 
Во 2018-та година наркобосот Јован Вукотиќ добил македонски пасош со лажен идентитет Ѓорѓи Андонов.
 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе