Од Министерството за екологија соопштуваат дека со ова целата постапката за отстранување на овој материјал од ОХИС е комплетно завршена. Цистерната со винил-хлоридот била товарена на камион кон крајот на минатата недела, а пристигнала во Германија во вторникот.
Лани во ноември отпадната вода при чистењето на цистерната со оваа опасна течност се излеа и предизвика страв кај жителите на овој реон на Скопје кои се пожалија на здравствени проблеми.