Директорот на ЦУК во посета на ски - патролата „Асклепиј“

Циривири: Имаме стотина повредени секоја скијачка сезона на Шапка

На терените на ски - центарот на Попова Шапка имаме по стотина повредени секоја сезона, од кои до 30 проценти станува збор за лица со сериозни повреди за кои е потребен транспорт, вели Константин Циривири, познати и хуман алпинист од Здружението за заштита  и спасување „Асклепиј", првата и единствена организација во нашата држава членка на Меѓународната комисија за алпско спасување. Спасителите од Шапка ги посети директорот на ЦУК Стојанче Ангелов

На покана на Здружението за заштита и спасување во планина и на непристапен терен „Асклепиј", директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, ја посети истоимената Ски патрола на терен - на Скијачкиот центар „Попова Шапка". Познатиот алпинист и двигател на многу проекти од сферата на спасување човечки животи на планина, Константин Циривири го информирал Ангелов за проблемите со коишто се соочуваат спасителите, а чиешто решавање би значело и зголемена безбедност на скијачите и посетителите на Ски центарот, а и пошироко, информира ЦУК.

Циривири вели дека на теренот на Ски ценарот често се случуваат повреди, околу 20 до 30 проценти се сериозни повреди за коишто е потребен медицински транспорт.

„Практиката покажува дека во една скијачка сезона има околу стотина такви сериозни повредени, при што некогаш во еден ден може да има и по повеќе од два до три итни случаи на повредени“, вели Циривири.

Транспортот на повредените од скијачките терени го извршуваат спасувачките Ски патроли со специјана „аки" санка што ја придвижуваат два скијача - спасители или со моторна санка до првиот пат којшто е најблизу до местото на повреда, а потоа го преземаат медицински лица со возилата на медицинска брза помош.

Значајно е што Ски патролата работи и по меѓународни стандарди, бидејќи ова здружение за заштита и спасување во планина и непристапен терен „Асклепиј" е првата организација во нашата држава, а е се уште и единствената, којашто стана член (од 2016-та година) на Меѓународната комисија за алпско спасување ICAR-CISA (International Commission for Alpine Rescue), информираат од ЦУК.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе