МВР

Чулев: По акцијата во Крушопек приведени се 4 лица, запленетиот кокаин е дел од голема меѓународна пратка (ФОТО)

Запленет е еден килограм кој бил дел од голема количина дрога, чија крајна дестинација била нашата земја. Приведени се четири лица, а отворена е и финансиска истрага за правното лице во чии простории е пронајдена дрогата и истрага за евентуална вмешаност на други физички и правни лица. Ова се досегашните резултати од вчерашната акција на полицијата во селото Крушопек во скопски Сарај, изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

 

Министерот не сакаше да каже за колква количина на дрога станува збор. Македонски и медиуми од регионот објавија дека станувало збор за ппратка од 1,3 тон кокаин.

Чулев потврди дека дрогата била по потекло од Колумбија, а кокаинот е пронајден во магацин за овошје на правното лице Банекс компани ДООЕЛ.

Операцијата се спроведувала од 17 до 19 февруари, а до доцна синоќа Единицата за специјални операции вршела претреси во магацинот на Банекс, која во 120 наврати извршила увоз на овошје во најголем дел од Колумбија, а во помал обем и од Еквадор.

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен организиран криминал, Единицата за недозволена трговија со дрога во период од 17 до 19 февруари, во координација со јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, а во рамки на меѓународна полициска соработка во која беа вклучени повеќе земји реализираше акција за недозволена трговија со дрога, при што во скопското село Крушопек беше запленет еден килограм кокаин, кои се само дел од поголема количина, која треба да заврши во нашата држава“, рече Чулев.

Околу девет часот синоќа на граничниот премин Ќафасан – Струга е евидентирано товарно моторното возило „ивеко“ влекач и приколка, управувано од 31 годишниот Ј.К. државјанин на Црна Гора, кој по завршувањето на царинските формалости се упатил во Крушопек. Полицијата по претходно обезбедена судска наредба извршила претрес во магацинот за овојше и во моментот на пристигнувањето на камионот таму бил Ј.Е. (22) син на сопственикот на правното лице, кое е краен примач на стоката и Р.И. (51) , кој бил вработен во магацинот и вршел истовар на робата. Четириесет и седум годишниот сопственик С.Е. од Скопје во меѓувреме исто така пристигнал. Сите тие се лишени од слобода и се во полициска станица, а денеска ќе бидат изведен пред судија на претходна постапка.

„При извршениот детален претрес во еден од пакетите било пронајдено правоагаолно пакување со бела прашкаста материја, кое била залепена со зелена трака“, рече Чулев и доаде дека во операцијата се одземени мобилни телефони, околу три илјади евра, 700 долари и 188 илјади денари, товарното возило, заедно со 98 пакети банани, документација, технички уреди“, рече Чулев.

Тој нагласи дека деновиве МВР ќе преземе опсежни мерки за известување на земјите низ кои поминал транспортот, а освен меѓународни активности МВР ќе преземе и активности за останатите физички и правни лица кои евентуално се во корелација со ова правно лице. Тој додаде дека во текот на денот ќе има и финансиска истрага кон правното лице.

Операцијата, повтори Чулев, е меѓународна, но тој не сакаше да споменува конкретни држави кои се вклучени во операцијата заради заштита на истрагата.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе