Чулев: До Владата ќе доставам уредба за награда од по 15 илјади денари за припадниците на МВР

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на својот фејсбук профил информира дека потпишал и до Владата ќе достави уредба со која се предвидува награда од 15.000 денари линеарно и еднократно за секој од полициски службеници, вработените во управните служби и останатиот административен персонал во Министерството за внатрешни работи, кои, како што вели, целиот овој период неуморно и пожртвувано даваат се од себе во првите редови во справувањето со коронавирусот.

„Немам никаква дилема дека тие со својот труд и ангажман го заслужуваат ова и очекувам Владата на првата наредна седница да ја усвои оваа уредба. Здравјето и животот на вработените се наш исклучителен приоритет и цврсто сме посветени на процесот на вреднување на нивниот придонес во остварување на целите на Министерството за внатрешни работи“, напиша Чулев на ФБ.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе