Чистењето на линданот од Охис ќе се следи со нова опрема, донација од Норвешка

Нова опрема која ќе служи за мерење на загаденоста на воздухот и почвата за време на процесот на чистење на останатиот линдан и неговите изомери во фабриката „Охис“ беше презентирана денеска во Лабораторијата за хроматографска анализа на Институтот за хемија при Природно-метематичкиот факултет.

За министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, со ова се потврдува целта за решавање на долгогодишните проблеми со загадувањето.

„Овие активности се дел од подолгиот процес во којшто сме вклучени, повеќе од една деценија со цел да најдеме решение за жешките точки во нашата земја, особено за локацијата ‘Охис‘. Како што знаете ние потпишавме договор за соработка со УНИДО и со УНОПС којшто треба да почне да се реализира во текот на јули. Овие фондови се од Кралството Норвешка, проектот ГЕФ, како и од фондови на Владата на Република Северна Македонија. Ова е огромен чекор којшто е со историско значење затоа што ќе овозможи понуда на решение за проблем со којшто се соочуваме со децении“, рече Нуредини.

Според него, ова ќе биде еден мал чекор за започнување со чистење на загаденото земјиште којшто ќе води кон еден поголем чекор на посеопфатно чистење на земјиштето. Нуредини ѝ се заблагодари на Норвешка за поддршката на Институтот за хемија при ПМФ со донирање на специфични инструменти коишто ќе овозможат мерење на загаденоста на земјиштето и на воздухот, но и прочистување на загаденото земјиште и воздухот.

Заменик-амбасадорот на Норвешка Геир Јохансен кажа дека веќе три години соработуваат со Владата во делот на донирање на 1,5 милиони евра за санација на загаденото земјиште со линдан во делот на фабриката „Охис“.

„Во рамки на проектот Нордик прогрес ние успеавме да донираме опрема со којашто може да се мери степенот на загаденост на земјиштето во пределот на ‘Охис‘. Оваа опрема што ја дониравме ќе му овозможи на Институтот да се прават точни мерења, но и да се стекне поголем легитимитет за научните наоди“, порача Јохансен и најави дека соработката продолжува.

Марина Стефова од Институтот за хемија изјави дека Лабораторијата за хроматографски анализи функционира повеќе од 20 години и го има потребното искуство и знаење за изведување на овие анализи и токму со оваа нова опрема ќе се оди една насока на истражување и мониторинг токму на овие загадувачи.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе