Во катастрофалните поплави загинаа 22 лица

Четири години од поплавите, и најситниот дожд носи страв да не се повтори 2016

Шести август, 2016 година денот кога дожд се истури над Скопје. Денес се навршуваат точно четири години од големите поплави во кои загинаа 22 лица. И денес како и пред четири години дожд врне со денови, а според најавите на УХМР дождот ќе паѓа до недела. Најпогодени од катастрофалните поплави беа неколку скопски региони меѓу кои и населбите Стајковци и Ченто.

Невремето што се случи попладнето на 6 август во 2016 година донесе обилни врнежи и силен ветер, а најголема беше штетата во селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.

Речиси секоја од куќите крие по некоја приказна, а сите жители имаат само една мисла „Никогаш да не се повтори“. 

Децата и на најситната капка дожд прашуваат дали повторно ќе треба да се спасуваат. 

Тогаш наврнаа 92,9 литри дожд на метар кваратен во рок од 24 часа, а само во првите два часа од почетокот на невремето биле регистрирани повеќе од 800 громови.

Граѓаните заедно со институциите координирани од Црвениот крст се соолидализираа за испорачување на неопходната помош, а помош во форма на пумпи и намирници пристигна и надвор од границите.

Невремето и поројот од вода тогаш предизвика пад на дрвја, а домовите останаа без електрична енергија.

Околу илјада граѓани беа евакуирани во текот на ноќта на 6 август.

„Своевиден метеоролошки феномен кој опстојувал неколку часа со континуирано регенерирање и формирање олујни жаришта, иако според патеката на движење прогнозата покажувала дека треба да помине во краток рок. Рекордниот интензитет на невремето што ја зафати Скопската котлина е со веројатност на појавување од 0,1 отсто или еднаш во илјада години". Вака УХМР го објасни тогаш невремето што ја погоди Скопската котлина.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе