четврток, 18 април 2024

Димитриевски: Наредната Влада не може да се состави без ЗНАМ

Кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ Максим Димитриевски и носителот на пратеничката листа од изборна единица (ИЕ) 2, Даниел Стојчевски денеска одржаа прес конференција во Куманово, на која кажаа дека граѓаните сакаат промена и нова енергија.

Објавено на

часот

Сподели

„Тие бараат промени и бараат да се стави крај на сето ова што се случува посебно во делот во борба против корупцијата, неквалитетното здравство, образование… што прави граѓаните да не бидат задоволни, младите да се отселуваат. Време е да ставиме крај. Движењето ЗНАМ има мала, но реално остварлива програма“, рече Стојчевски.

Енергијата од Куманово, додаде тој ќе ја пренесат насекаде во државата, изразувајќи увереност дека ќе учествуваат во наредната Влада.

Кандидатот за претседател, Димитриевски кажа дека денеска остваруваат повеќе средби со граѓани на кои афирмираат нови лица во политиката и даваат шанса на луѓе кои претходно немале можност знаењата да ги преточат во пракса.

„Како кандидат за претседател сакам да потенцирам едно конкретно решение . Во првата година од власта, бидејќи наредната Влада не може да се состави без ЗНАМ, со буџетските вишоци во текот на 2024 ќе предвидиме исплата на 13 пензија која ќе биде поголема за оние со пониски ставки на пензии, за да се усогласи големата разлика“, рече  Димитриевски.

Тој појасни дека транспарентно ќе бидат објавени бројките, колку пари има во буџетот за исплата на пензии и ќе направат пресметки колку може да се зголемува пензијата.

Димитриевски рече дека политичките опоненти имаат нереални проекти.

„За нас зборот е збор“, рече тој.

Движењето ЗНАМ ја започнува кампањата за парламентарните избори вечерва со централниот митинг на градскиот плоштад во Куманово со почеток во 20 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ