Малолетниците се во болница

Четири деца тешко повредени, малолетник ги возел со автомобил и удрил во канделабра на „Водњанска“ (ФОТО)

Четворица малолетници се тешко повредени, откако утрово малолетник со форд мондео удри во метална канделабра и бетонска жардињера. По сообраќајката во Скопје , според официјални информации од МВР сите деца се во болница.

Фото: МКД

На 19.08.2022 во 04.20 часот било пријавено дека на крстосницата од бул."Мајка Тереза", со ул."Тодор Александров" и ул."Белградска" патничко моторно возило "форд мондео" со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и бетонска жардињера.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници (еден од Струмица, двајца од Скопје), констатирани во Градската општа болница "8-ми Септември" и Комплексот клиники "Мајка Тереза", велат од МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје

Легенда под Главна слика

Фото: МКД

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе