Заштита на животната средина

Цевките со отпадните води од хотелите и кафеаните одат директно во Мавровско Езеро (ФОТО)

Пред една година МКД.мк пишуваше за тоа како се загадува Мавровско Езеро со отпадните води од разни објекти околу езерото што се слеваат директно во него. Тогаш фотографиравме, предупредивме, пријавивме, ама ништо. Деновиве на истата појава алармираа жителите од селото Леуново со нови фотографски докази. Годинава Маврово е натежнато од изградби на нови вили, апартмани, доградби на хотели... Очигледно сите тие Мавровско Езеро го гледаат само како една голема септичка јама. Уште еден јавен повик до одговорните инспекциски служби да преземат нешто пред да биде предоцна.

Цевка под селото Леуново

 

Под хотелот „Радика“

Објавено

Среда, Декември 30, 2020 - 09:37

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе