Сугарески во Куманово

Целосно е завршен регионалниот пат Куманово-Свети Николе

Регионалниот пат Куманово – Свети Николе во должина од 42 км е целосно завршен и во истиот се вложени 4,1 милиони евра, информираат надлежните. 

Се подобрува патната поврзаност во Североисточниот регион со тековните активности за изградба на нови и обнова на постојните патни делници, истакнаа министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски  при увидот на  обновата на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Патот во должина од 42 километри е целосно завршен и се вложени 4,1 милиони евра. Како што беше истакнато, патот претставува мост на поврзување на граѓаните од источниот дел на државата до Куманово со соседна Србија.

-Овој период од  2,5 години откако е оваа власт мислам дека се реализираат огромен број проекти во делот на патната, железничката и комуналната инфраструктура. Во делот на инфраструктурата по сите основи се инвестирани 80 милиони евра, во патната инфраструктура 30-ина милиони, дополнителни 15 милиони дел од ИПА средства ќе бидат одвоени за Куманово до Страцин, изјави министерот Сугарески.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе