Царовска: Поголема социјална заштита на повозрасните лица дома, наместо „гетоизација“

Моделот на управување со пензионерските домови ќе се менува со цел да се понудат посовремените модели на заштита на највозрасните лица, најави министерката за труд и социјална работа Мила Царовска од Тетово при посетета на Здружението на пензионери. Засега домовите ги менаџираат здруженијата на пензионери, Сојузот на пензионери како Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кои треба да имаат иста формула за менаџирање.

„Со Светска банка направивме заедно проценка дека треба да се донесе одлука во која насока ќе се управуваат овие домови за пензионери. Ние сме во соработка и дискусија во ова прашање. Сигурна сум дека во наредниот период ќе се најде конечниот модел и ќе почне имплементацијата. Ние како Влада не само што се грижиме пензиите да растат, туку нудиме и современи модели на заштита“, рече Царовска.

Постои насока која предвидува социјална заштита за повозрасните таму каде веќе живеат, за да се избегне гетоизација во пензионерските домови, смета Царовска. Насоката е да се формират општински претријатија кои ќе имаат вработени кои ќе даваат социјални услуги за стари лица.

„Во моментов имаме оглас за сите општини, а се однесува на тоа да развијат социјални услуги на локално ниво и ќе се изненадиме дека од 65 општини кои аплицирале 56 побарале грижа во домашни услови. А таа е услуга која во наредната година со помош на МТСП не само техничка туку и финансиска ќе се развива.  Општините ќе може да менаџираат еден ваков тип на претријатија кои ќе значат од 2 до 24 часа поддршка за возрасните лица. Ова не само што нуди грижа за возрасните лица, туку и можност за вработување и на некој начин со една акција правиме две добра во една иста општина. Јас посакувам да овој модел биде поуспешен од сите други форми на згрижување затоа што и старските и пензионерските домови на некој начин се гетоизација и на некој начин исклучување од секојдневното живеење. Јас како министерка и Владата се залагам за целосно вклученост за сите лица додека можат“, потенцира Царовска.

Министерката истакна и дека во Кочани треба да отпочне проект за регионален старски дом.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе