Царовска: И децата кои се со нетипичен развој треба да го посетуваат предучилишното образование

Негувателките и воспитувачките пред се во новите градинки се обучени за работа со деца со нетипичен развој за нивна инклузија и имаат плата како за службеник кој работи со лица со попреченост, изјави министерката за труд и социјална работа Мила Царовска при посетата на Брвеница каде се гради нова градинка.

„По однос на сите нови градинки што се градат и обуките кои се во тек тие треба да бидат инклузивни. И децата кои се со типичен развој и децата со нетипичен развој треба да го посетуваат и предучилишното, основното и средното образование во рамки на нивните можности. Исто така и платите на негувателките и воспитувачките се подигнаа на ниво на плата на наставник кој работи со деца со одредена попреченост. Што значи дека и тие имаат свој коефициент и бод во вкупната плата која ја зголемивме сега за 16 проценти, а во октомври платата ќе биде исплатена со плус пет проценти што значи зголемување од 21 процент на вработените во градинките и со тоа очекуваме приемот на овие деца да биде соодветен и тие да се справуваат со предизвиците кои децата со попреченоста ги имаат“, рече Царовска.

Руралните општини како Брвеница имаат можност да градат нови дневни центри и за лица со попреченоста над детска возраст.

„Доколку има потреба за развој на посебен дневен центар за возрасни лица со попреченост во оваа општина, тогаш Општината може да се пријави на огласот што сега е објавен на Министерството за развој  на социјални услуги. И тука доколку се обезбеди простор ние би го тоа опремиле и дале финансиски средства со цел општината да стартува со социјална услуга дневен центар или друг тип социјален сервис што е потребен за ова и сите други општини. Општините да се подготват со иницијативи и да ги пратат до Министерството“, порача министерката.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе