Царовска: Додатокот за трето дете ќе го примаат само семејствата со вкупен приход до 12.000 денари

Државата првпат покажува подготвеност да се грижи за најсиромашните граѓани. Сега додатокот за трето дете ќе го примаат само оние кои имаат малку, а тоа е до вкупен приход од 12.000 денари или до минималната плата во семејството, истакна денеска министерката за труд и социјалната политика Мила Царовска.

Таа посочи дека додатокот за трето дете го примаа сите и оние кои имаат многу и оние кои имаа најмногу и оние кои немаат ништо.

„Сега додатокот за трето дете ќе го примаат само оние кои имаат малку, а тоа е до вкупен приход од 12.000 денари или до минималната плата во семејството. Значи ако во семејството имаат приходи до 12.000 денари тие ќе можат да го остварат правото на трето дете како што беше и во претходниот закон, а тоа е во наредните 10 години да примаат надоместок од 8.000 денари за секое трето родено дете. Што значи третото дете ќе го поддржиме и ќе платиме тоа да има поквалитен живот, но само за најсиромашните. Сите останати нема да можат да го остварат тоа право. Еднократната исплата за прво дете си останува во законот како што беше во првичното решение и за второ дете исто така даваме надоместок“, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за имплементацијата на социјалната реформа. 

Верувам во промени, промените секогаш носат добри работи, но исто така верувам во одлуките на премиерот и сигурна сум дека ќе ги направи врз основа на учинок на секој од нас како министри и врз основа на задоволството на граѓаните, истакна Царовска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа кои се нејзините очекувања од вечерашната седница на Централен одбор на СДСМ.

„Сметам дека одлуките кои ќе ги донесе премиерот се соодветни и дека врз основа на се што сме направиле тој ќе процени дали е добро, дали е лошо, рече Царовска“, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за имплементацијата на социјалната реформа.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе