Брзото возење убива, РСБСП со апел да се почитуваат сообраќајните правила

Брзото возење води кон брз и неславен крај и изнудува грешки кои најчесто завршуваат фатално, предупредуваат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП). Од таму велат дека за жал и покрај свесноста за овие факти, голем број на возачи не ги почитуваат правилата за ограничување на брзината. Според статистичките податоци брзото возење и понатаму останува доминантна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици.

Кога е во прашање брзото возење воглавно постојат три групи на возачи и тоа: возачи кои целосно и безусловно ги почитуваат правилата за ограничување на брзината,  возачи кои понекогаш ги пречекоруваат правилата за ограничување на брзината или го прават тоа во рамки на отстапувања кои според нивно лично мислење се прифатливи и возачи кои често ги пречекоруваат правилата за ограничување на брзината. Науката и статистиката покажуваат дека сопирачкиот пат на возило кое се движи со брзина од 50 км/ч е 26 метри, додека сопирачкиот пат на возило кое се движи со брзина од 60 км/ч е 34 метри. Разликата од 10 км/ч е всушност разлика помеѓу живот и смрт. Токму тоа беше и причината најголемата дозволена брзина во населено место во изминатите години да се намали од 60км/ч на 50 км/ч.

Брзината од 10 км на час над дозволената го зголемува растојанието на сопирање на возилото, во просек, за 10 метри, што може да биде фатално, особено во населени места. Затоа е важно да се намали просечната брзина во населени места и на регионалните патишта со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот. Резултатите од истражувања во странство покажуваат дека со намалувањето на просечната брзина за само 1 км на час, бројот на сообраќајни незгоди во населено место би се намалил за 4 проценти, додека бројот на сообраќајни незгоди надвор од населено место би се намалил за 2 проценти.
Дека побавното возење е побезбедно потврдува и фактот дека веројатноста за смртност на пешаците при удар на возило со брзина од 50 км на час е 85 проценти, додека веројатноста пешак да загине при удар на возило со брзина од 30 км на час е помалку од 10 проценти“, велат од РСБСП. 

Согласно наведеното, брзината е клучен фактор на ризик за безбедноста на најранливите групи учесници во сообраќајот (пешаците, велосипедистите, старите лица и децата), а исто така брзината е клучен фактор за сериозноста на последиците за возачите и патниците во возилата.

Затоа РСБСП апелира да се намали брзината пред да биде доцна и додава дека треба да бидеме одговорни возачи и да ги почитуваме правилата за ограничување на брзината. 

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе