АППТРМ на саем во Утрехт

Бројот на холандските туристи продолжува да расте

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија заедно со приватниот сектор традиционално учествува на интернационалниот саем за туризам во Утрехт („Vakantiebeurs") што се одржува во период од 9 до 13 јануари во Холандија.

Холандскиот пазар кој е еден од првите и најлојални туристички пазари на Македонија продолжува да расте. Лојалноста во туризмот која најтешко се постигнува, Македонија на овој пазар и официјално ја постигна со тоа што успеа да врати по втор или трет пат холандски туристи кои имаат желба да посетат и други делови од Македонија, освен најголемите туристички центри.

Делегација на Агенцијата за туризам за време на саемот во Утрехт, одржа бројни состаноци со цел унапредување на веќе етаблирана соработка со големите тур-оператори ТУИ, Корендон и Томас Кук, но и со бројни помали кои имаат идеја да носат индивидуални патувачки или помали групи на одмор во Македонија.

Штандот на Македонија го посети конзулот на Македонија во Холандија, Цеес Содер, а ко-егзибитори се ХОТАМ, општина Охрид и Струга, и туристичката фирма Чејнџфорлајф.

Првиот бизнис ден помина успешно за сите инволвирани туристички професионалци, со мотивација за проширување и зацврстување на позицијата на холандскиот туристички пазар.

Саемот се очекува да биде посетен од над 117.000 посетители и над 1.200 изложувачи од 65 земји од светот.

„Vakantiebeurs” претставува водечки саем за туризам во Холандија преку кој постои можност за вмрежување помеѓу македонскиот и холандскиот приватен сектор. Ова индиректно придонесува за контунуиран раст на бројот на холандски туристи во Македонија. Согласно статистичките податоци во десетте месеци од 2018 година растот е 3%, а оваа година се очекува да се достигне оптимумот од 10 отсто раст, соопшти АППТРМ.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе