Сестрата на исчезнатото момче со апел за ажурност на надлежните

„Брат ми го нема еден месец, со кучиња трагачи, полиција и војска досега ќе го најдеа“

Веќе еден месец нема ни трага ни глас од 25-годишниот Димитар Мицковски, момчето од село Стругово, кое во МВР беше пријавено како исчезнато. Сестрата на исчезнатиот, Ана, во телефонски разговор за МКД.мк апелира до надлежните да им помогнат во потрагата до момчето, бидејќи, како што вели, како поминува времето сè помала е надежта дека тој ќе биде најден жив и здрав.

Телефонскиот повик од нашата редакција за Ана беше надеж дека можеби имаме некаква информација за Димитар, но откако се претставивме, таа ни раскажа дека секој повик го поврзува со него и неговото пронаоѓање.
Сестрата на исчезнатиот ни раскажа дека нејзиниот брат последен пат кога бил виден кога заминал да собира печурки во планина, по која одел од 4-годишна возраст, а работел и за дневница берејќи дрва по планината и добро го познава теренот.

Личните документи, парите, новата облека и мобилниот телефон му биле оставени во викендичката на неговиот татко на планината.

Ана вели дека познавајќи го неговиот карактер, ако е добар, тој никогаш не би ги оставил да го мислат еден месец и да не им каже каде е.

„Полицијата чека ние да ја водиме истрагата. Тој замина во Стругово во викендичката на татко ми. Често оди таму на планина, од 4 години го носеа. Таму нема ниту диви животни што може да го повредиле, а тој добро го познава целиот терен. Местото нема густа шума и е проодно. Уште веднаш кога видовме дека не се врати дома доброволци од селото и членови на нашето семејство заминаа да го бараат, а полицијата го пребаруваше теренот дури по 10 дена. Самоиницијативно пребарувавме повеќе пати. Па не се работи за куче, туку за човек. Личните документи му беа оставени во викендичката, а и парите и новите алишта исто така. Значи ако сакал самиот некаде да замине и да не го најдеме, ќе земел сè, а не вака во стара облека и без лични документи. Мобилниот телефон исто така му е дома. И никој не го побара за да направи вештачење, листа на телефонските повици и да го провери, оти ете, можеби постои некоја трага, порака или повик што може да даде одговор на тоа каде е брат ми. Имаме информации и дека во повеќе полициски станици немаат информации за исчезнувањето на брат ми. Досега со дрон, со кучиња трагачи, со специјалната полиција и војската ќе го пронајдеа", раскажува сестрата на исчезнатиот Димитар.

Таа прашува зарем треба и овој случај да заврши како оној со Пино или како тој со исчезнатата Марија од Демирхисарско и зарем поради состојбата со ковид-19 треба да заборавиме на оние за кои полицијата има обврска да им помогне.

„Кога бараме помош од полицијата, добиваме одговор дека се зафатени со состојбата со ковид-19. Не сме задоволни од начинот на кој се води оваа потрага и јас не гледам дека постои некаква заинтересираност за да се реши овој случај. Надлежните не покажаа заинтересираност ниту за тоа да го проверат мобилниот телефон, ниту фејсбук-профилот на мојот брат, пораките, комуникацијата, повиците, бидејќи можеби има нешто во нив. Јас сум сигурна дека тој никогаш не би нè оставил да го мислиме, а тој да заминал да шета. Како поминува времето се сомневаме дека можеби се работи за насилна смрт, дека можеби е убиен. Сè помала ни е надежта дека ќе го најдеме жив", вели Ана.

Димитар Мицковски има 25 години и е од село Другово, Демир Хисар. Висок е 180 сантиметри.

Пред еден месец заминал да собира печурки во шума и од тогаш му се губисекаква трага.

Во билтенот на МВР стои „На 29.06.2020 во 15.23 часот во СВР Битола, Р.М. од с.Сопотница пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син Д.М.(26) од с.Стругово, демирхисарско".

Досега Ана неколку пати добила повици дека Димитар е виден еднаш во Струга, еднаш во Скопје, па еднаш со група мигранти, но сепак ниту еден од тие повици не бил клучен за да се пронајде момчето.

Семејството апелира секој што има каква било информација, да пријави во најблиската полициска станица или да се јави на телефонскиот број 076/ 748-082 кај Ана.

К.Д.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе