Турција

Бобан Томовски, соработник на Седат Пекер, приведен на аеродромот во Истанбул

Македонскиот државјанин Бобан Томовски, со престој во Берлин, Германија, соработник на нарко босот Седат Пекер, бил приведен на аеродромот во Истанбул и се очекува в сабота да биде испорачан во Македонија, пишуваат турските медиуми. Томовски бил приведен во обид да патува за Египет.

Во Турција има потерница по Седат Пекер како водач на голема криминална организација, а се претпоставува дека е тој избеган во Обединетите Арапски Емирати.

Турските медиуми пишуваат дека и Томовски бил вмешан во шверцот со дрога на организацијата на Пекер и дека заедно делувале за време на престојот во Македонија на Пекер. Името на Пекер е дел од аферата со издавањето на фалсификувани пасоши со лажен идентитет од страна на македонската полиција на бројни криминалци и нарко босови од регионот и пошироко.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе