„Блиц“: СПЦ одобри канонско единство со МПЦ-ОА

Саборот на Српската православна црква (СПЦ) денеска одобрил канонско единство на СПЦ со, како што се нарекува, таканаречената македонска православна црква, односно Охридската архиепископија, пишува српски „Блиц“.

„На тој начин, решен е спорот кој што датира уште од дамнешната 1967 година кога таканаречената Македонска православна црква се одвоила од СПЦ, објави „Блиц“.

Пред да се донесе оваа одлука на Саборот обновени се разговорите на српскиот патријарх Порфирије и претставници на МПЦ на чело со владиката Стефан кои се воделе во Ниш во најголема тајност.

Во меѓувреме Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) демантираше дека заедно со СПЦ ќе се одржи заедничка света литургија.

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, како што објави МИА, не добила покана и не планира одржување заедничка света архиерејска литургија меѓу великодостојниците на нашата и на Српската православна црква на крајот на годишниот Собор на СПЦ, што започна вчера во Сремски Карловци, а чиј работен дел во наредниве седум дена продолжува во Белград.

Српските медиуми викендов шпекулираа дека СПЦ планира да „признае единство“ со МПЦ-ОА на крајот на овогодишниот црковен Собор, по што великодостојниците на двете цркви заедно би отслужиле света архиерејска литургија што би претставувало знак на „помирување и обнова на единството“.

Од МПЦ-ОА за МИА изјавиле дека во претходниот период било разговарано за таква можност, но дека сега, по одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј од 9 мај за признавање на МПЦ-ОА за канонска црква, работите се променети и дека не се планира одржување на заедничка богослужба со српските црковни великодостојници.

Во однос на информациите дека на 5 јуни на празникот Педесетница или Света Тројца најверојатно во Истанбул, поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископ охридски и македонски Стефан ќе одржи прва заедничка богослужба со вселенскиот патријарх Вартоломеј, од МПЦ-ОА изјавиле дека се планира таква богослужба, но дека засега ништо не е прецизирано.

Претходно, во врска со ваквата најава, портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј во изјава за Пресинг ТВ, само кусо одговори дека „ниту ја потврдува, ниту ја демантира ваквата информација".

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе